x

ПРОИГРУВАЊЕ: Вест Бром и Лидс во дуел за прво место, Дон Карло против Гвардиола

Иако се новогодишни празници, нема пауза во англиските дивизии. Првиот ден од новата година нови натпревари, дерби во Премиер лигата, потоа дерби за врвот во Чемпионшип… Дон Карло со Евертон против Гвардиола со Манчестер Сити, ВБА – Лидс за првото место во Чемпионшип, Арсенал на мегдан со Манчестер Јунајтед…

АНГЛИЈА 1

МАН.СИТИ

ЕВЕРТОН

Значаен е и податокот дека актуелниот првак на Англија ги доби претходните четири меѓусебни одмерувања, секое со 2-4 гола, па без оглед на тоа дека гостите се под многу помал притисок единицата и негова комбинација со тој опсег на голови или барем 2+ делува најреално.

БРАЈТОН

ЧЕЛЗИ

Не е спорно дека Челзи има поквалитетни поединци, меѓутоа, „сините“ во претходните недели имаа многу проблеми со екипите кои се наоѓаат во долниот дел на табелата. Поради тоа двојката не е зацртана, а подобро пробајте ГГ.

ЊУКАСЛ

ЛЕСТЕР

Крајот на годината не беше многу добар за фудбалерите на Лестер, но нивните навивачи немаат причини за незадоволство. Њукасл игра променливо, па тука, сепак, би ризикувале со двојка. Доколку се сомневате, одберете многу голови.

САУТЕМПТОН

ТОТЕНХЕМ

Тотенхем во септември го доби лондонскиот дуел. Од друга страна, во Саутемптон нема победа три години. „Светците“ се поправија во последно време, додека ривалот и понатаму игра во рамките на можностите. Двојката е реална исто колку и ГГ.

ЛИВЕРПУЛ

ШЕФИЛД ЈУНАЈТЕД

Додека неговите колеги од Лестер и Сити веќе ги крунисуваат „црвените“, менаџерот на домашните Јирген Клоп пробува да ги „спушти“ своите играчи на земја за да не помислат дека шампионската трка е готова. Гостите се во добра форма, но единицата е неизвежна.

АНГЛИЈА 2

ВБА

ЛИДС

Во прашање е меч помеѓу лидерот на табелата и неговиот најблизок конкурент, односно две екипи кои се наметнаа како најсериозни кандидати за промоција во елитата. И Вест Бромвич Албион и Лидс претходните седмици имаа неколку помалку разочарувачки резултати, но позициите на табелата, барем засега, не им се загрозени. Доколку не сакате да типувате на единица определете се за ГГ3+ затоа што тоа е чест исход на нивните средби.

БРИСТОЛ СИТИ

БРЕНТФОРД

Домашните во претходните недели имаа сериозни проблеми со формата, додека фудбалерите на Брентфорд играат многу добро и јуришаат кон врвот. Бидејќи и традицијата најавува триумф на гостите, се е совршено јасно. Сепак, се сомневаме во повеќе од два гола.

ФУЛАМ

РЕДИНГ

Фулам делува многу подобро, но противникот од средината на ноември делуваше многу посигурно отколку комците од Крејвен Котиџ. Сепак, квалитетот е на страната на амбициозниот домаќин, поради што ви препорачуваме единица со 3+.

ПРЕСТОН

МИДЛСБРО

Мидлсбро во претходните месец дена впиша неколку добри резултати, па почна да се оддалечува од опасната зона. Од друга страна, Престон се бори за место во плеј-офот, но почна да киксира. 2-3 делува подобро од единица.

ШЕФИЛД ВЕНЗДЕЈ

ХАЛ

Хал не игра лошо и Шефилд Венздеј, кој врза два порази после низа на добри партии не смее да се опушти во овој дуел. Но, „бувовите“ играат сигурно на свој терен и единицата има предност, а на нивните меѓусебни натпревари има 2-3 гола.

АНГЛИЈА 3

ЛИНКОЛН

ПИТЕРБОРО

Питерборо во претходните недели имаше нешто послаби резултати, меѓутоа, и понатаму е високо позициониран, за разлика од домашните кои се наоѓаат во долната третина на табелата. Точно дека Линколн е незгоден на домашен терен, па ако не сакате двојка гаѓајте ГГ.

МК ДОНС

БРИСТОЛ РОВЕРС

Ако кај претходниот пар двојката беше возможна, тука би било изненадување ако ја има. Факт е дека МК Донс малку попуштија во текот на декември, но тоа не е доволно да им се спротистават на расположените момци од Бристол.

РОТЕРАМ

БЛЕКПУЛ

Блекпул оваа сезона ретко губи на гостувањата, отколку пред своите навивачи. Точно дека е наклонет на нерешени резултати, а бидејќи Ротерам е во добра форма, можеби не би било лошо да пробате со поделба на бодовите или ГГ3+.

ТРЕНМЕР

КОВЕНТРИ

Тренмер е во опасната зона, додека Ковентри е меѓу екипите кои се надеваат на пласман во доигрувањето. На прв поглед се би требало да ви е јасно, но на нивниот октомвриски дуел имаше двојка. Подобро прескокнете исход и побарајте 0-2.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата