x

ПРОИГРУВАЊЕ: АЗ го предизвикува Ајакс во дерби за титулата

Еве неколку наши предлози за типување. Денеска има многу натпревари ширум европа, ние избравме неколку па вие процените дали ќе се сложите со нас или не.

ХОЛАНДИЈА 1
АЗ АЛКМАР – АЈАКС
недела 16.45
Шифра: 1612
Aјакс сезонава има вистински предизвикувач во Ередивизијата. АЗ Алкмар сериозно го притиска амстердамскиот гигант и од таа гледна точка ова е дерби меч. Во Холандија обично паѓаат многу голови, многу голови имаше и на претходните меѓусебни дуели па нашиот избор е 2-3 или ГГ, а похрабрите нека пробаат Х.

ИТАЛИЈА 1
ФИОРЕНТИНА – ИНТЕР
недела 20.45
Шифра: 1020
Интер ќе се обиде да ја сочува лидерската позиција, а Фиорентина не смее да изгуби затоа што тогаш ќе следува отказ за тренерот Винченцо Монтела. Управата му даде шанса во дуелите со Интер и Рома, но ни најголемите оптимисти не веруваат дека „Виола“ ќе успее да направи чудо на овие два меча. Наши предлози се КТ 2 и ВГ 2-3.

АНГЛИЈА 1
МАН. ЈУНАЈТЕД – ЕВЕРТОН
недела 15.00
Шифра: 2012
Данкан Фергусон го победи Челси на дебито како стратег на Евертон. Сега сака уште еден скалп, на Манчестер Јунајтед. Од друга страна Јунајтед оваа недела ќе бара одмазда за минатогодишниот дебакл на „Гудисон парк“ со 4:0, па затоа не ви препорачуваме типување на исход. Вреди да се проба со голови на двете страни, а примамливо делува MOZZART шанса дека на полувреме или на крај ќе има Х.

ШПАНИЈА 1
ВАЛЕНСИЈА – РЕАЛ МАДРИД
недела 21.00
Шифра: 4014
Дека на пулените на Зидан нема да им биде лесно во Валенсија сведочи моменталната форма на домашните, бидејќи оствари дури седум победи на претходните девет натпревари во сите конкуренции. „Лилјаците“ прогледаа откако во септември ги презеде Алберт Селадес, инаку некогашен соиграч на легендарниот Французин во Реал Мадрид на почетокот на овој милениум. Што би играле на овој меч? ГГ или КМБ 1+I&2+II.

АНГЛИЈА 1
ВУЛВЕРХЕМПТОН – ТОТЕНХЕМ
недела, 15.00 ч.
„Волците“ се едно од најпријатните изненадувања во Англија но и во Лигата на Европа оваа сезона. Моментално се во серија од 11 кола без пораз, а Тотенхем полека почнува да се крева под водство на Жозе Мурињо. Да кажеме дека лондончани примија најмалку по два гола на последните осум гостувања. Наши предлози се ГГ или 2-4.

ГЕРМАНИЈА 1

ВОЛФЗБУРГ – М’ГЛАДБАХ
недела, 15.30 ч.
Борусија победи на пет натпревари во последните шест кола од националниот шампионат. На пет од последните шест одмерувања на овие тимови во Бундес имало 3+ погодоци. Сепак, на 10 натпревари на Волфзбург во последните 12 кола имало 0-2 гола. Конечен резултат – Менхенгладбах нема да изгуби (Х2), а на мечот ќе има најмалку три гола (Х2&3+)

ШАЛКЕ – АЈНТРАХТ
недела, 18.00 ч.
Шалке нема пораз на последните шест натпревари на домашен терен во ова натпреварување, додека Ајнтрахт е поразен на седум од последните осум гостувања. На последните пет натпревари на Шалке имало 3+ голови, исто како и на 11 средби на Ајтрахт во претходните 13 кола. Нека биде ефикасно и сега: 3+ и ГГ3+. Избегнете исход затоа што се е можно.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата