x

Прозивка во 16 часот: Работнички од денеска во „погон“!!!

Како никој наш клуб досега во изминатите три децении во самостојна Македонија, Работнички денеска, на 26 декември, толку рано, ќе ги стартува зимските подготовки. Ова го бараше новиот стратег Ратко Достаниќ кој попладнево во 16 часот во клупскиот комплекс во Градски парк ќе изврши прозивка.

Србинот сака на време да види со што располага, на време да се реагира и на трансфер – пазарот. Познато е дека на нашиот втор најтрофеен клуб, по лошата есенска полусезона, ќе му бидат потребни и квалитетни засилувања. Токму затоа Достаниќ инсистираше да се започне толку рано со работа. А што се однесува до тоа кој од играчите ќе мора да си замине, следните ден – два претседателот Драган Поповски и самиот Достаниќ ќе одлучат.

Значи за сите во клубот од Градски парк ќе нема празнување на Нова година, ќе нема празнување на Божиќ, ќе има работа и само работа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата