Продолжува кампањата на Царинската управа за промоција на царинските олеснувања и поедноставените царински постапки. Вчера пред околу 60 стопанственици од регионот на Гевгелија се одржа уште една работилница на оваа тема. Големиот интерес за учество е потврда за оправданоста за организирање на вакви настани и воедно стимул за нивно интензивирање во иднина. На овие презентации, стопанствениците имаат можност директно и отворено да дискутираат со претставниците на Царината за актуелните прашања со кои се соочуваат во секојдневното работење. Досега се одржаа 5 вакви работилници и тоа во Штип, Струмица, Куманово, Битола и Гевгелија. Кампањата продолжува во Скопје (27 август), а ќе биде заокружена со презентацијата што ќе се реализира во Гостивар на 4 септември 2013 година.