Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО) денеска организира завршен настан по повод двегодишниот проект за развој на македонскиот туризам преку поддршка на кластерско здружување во регионите на Охридското Езеро и Тиквешкиот регион.

На завршниот настан ќе бидат соопштени резултатите од двата кластера, како и плановите за натамошна поддршка.

УНИДО, како што соопшти, успеа со кластерите да ги поврзе локалните самоуправи, надлежните институции, приватниот сектор и другите чинители вклучени во туризмот во двата региона, Охридскиот и Тиквешкиот вински регион.

Проектот „Промовирање одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија” беше имплементиран во партнерство со Министерството за економија, а го финансираше Република Словенија со 220.000 евра.