x

Продолжи НБА лигата: Дејвис брилјираше на дуелот меѓу клубовите од Лос Анџелес

dejvis

По повеќе од четири месеци пауза поради коронавирусот, во САД продолжи НБА лигата. На Флорида се собраа 22 од вкупно 33 екипи, односно само оние тимови кои во моментот на прекинот на сезоната имаа шанса да стигнат до плеј-офот (по осум во Источната и Западната конференција).

Веќе на првиот ден на распоредот беше дербито меѓу тимовите од Лос Анџелес во кое Лејкерси ги победија Клиперси со 103:101. Блескаше крилниот центар Ентони Дејвис со 34 поени. По 16 кошеви додадоа Леброн Џејмс и Кајл Кузма. Кај Клиперс најефикасен беше Пол Џорџ со 30 поени.

Лејкерси водат на Западот со скор 50-14, а Клиперс имаат 44-21.

Неколку часа порано Јута Џез ги порази Њу Орлеанс Пеликанс со 106:104 и се зацврсти на четвртото место на Западот (скор 42-23), додека Пеликанс се при дното со скор 28-37.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата