-Апликациите од заинтересираните граѓани се уште пристигнуваат, а голем број на граѓани се јавуваат за дополнителни информации. Поради интересот, но и фактот дека информациите потешко пристигнуваат до повозрасните сограѓани, општина Центар одлучи да го продолжи рокот за аплицирање за дополнителни десет дена и ќе трае до понеделник, 6.2.2017 година.

Апликацијата, заедно со соодветна документација, се доставува до архивата на општина Центар. Апликантите, или нивни блиски, треба да поднесат фотокопија од лична карта, фотокопија од потврда за пензија и фотокопија од медицински документ за здравствена состојба.

Доколку заинтересираните не се во состојба лично да го сторат тоа од здравствени или други причини, може да се јават на телефонскиот број 076313383.

Општина Центар започна со реализација на овој пилот-проект кој нуди пакети за нега во домашни услови за ‘ители на општината со над 64 години возраст.