Основниот суд во Приштина го продолжи притворот на тројцата Срби осомничени за вмешаност во убиството на Оливер Ивановиќ, лидерот на Граѓанската иницијатива СДП во Косовска Митровица.

Според косовските медиуми притворот им е продолжен за еден месец.

Недељко Спасојевиќ, Драгиша Марковиќ и Марко Росиќ беа уапсени на крајот од месец ноември во полициската операција во северниот дел на Косовска Митровица.

извор: Makfax