Судот им го продолжи притворот за уште 30 дена на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, кои се осомничени во случајот „Рекет“.

„Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје денеска постапувајќи по предлог на надлежниот јавен обвинител за продолжување на мерката притвор против Б.Ј. и З.М. донесе решенија со кои предлогот на обвинителството се уважува и мерката притвор се продолжува за нови 30 дена“, соопшти кривичниот суд.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје.

Јовановски и Милески се во притвор од 16 јули. Ти се осомничени за примање поткуп и перење пари во истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

извор: Makfax