Американскиот претседател Барак Обама ги продолжи за уште една година санкциите против лицата кои ја загрозуваат стабилноста на Западниот Балкан, јави ТАСС.

Белата куќа соопшти дека одлуката се однесува на лица кои учествуваат или финансиски или на друг начин го поддржуваат екстремизмот во Македонија, Босна и Херцеговина и Косово и создаваат пречки за спроведување на Дејтонскиот мировен договор во Босна и Херцеговина и на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за Косово.

Во соопштението, потпишано од Обама, се вели, дека овие луѓе со своите активности го нарушуваат мирот и меѓународните напори за стабилизирање на состојбата на Западен Балкан и продолжуваат да претставуваат многу голема закана за националната безбедност и надворешната политика на САД.