На вознемирените пензионери кои се уплашија дека државата поради караниците околу “Пливаè нема да им го врати долгот, па поради тоа телефонски се јавувале дирекно во Бански Двори, хрватскиот премиер им порача дека можат да спијат мирно. Втората рата ќе ја добијат пред Божик, а 1,2 милијарди куни за исплата на тој долг државата ќе обезбеди со продажба на 18 отсто од акциите во “Плива”.

Премиерот Иво Санадер не пропушти во оваа пригода да одговори на обвинувањата од СДП поради средбата во Верона со челникот на “Плива” Човиќ. Иако напоменал дека одбира изрази, сепак рекол дека СДП треска глупости. Кога претседателот на СДП вели во врска со “Пливаè дека е тоа корупциски скандал, се работи или за недоразбирање или за внесување немир меѓу пензионерите, вели тој.
Посетата на Санадер на Верона за време на прославата на Денот на државноста на Хрватска, припаѓа како би рекол и самиот Санадер, во антологијата на политичките глупости. Верона да биде поважна од Вуковар? Како за кого, прокоментирал Ивица Рачан, одговарајќи на нападите на актуелниот премиер.