Врз основа на договорот, Apollo станува сопственик на 80 отсто од акциите на НКБМ, додека 20 отсто превзема Европската банка за обнова и развој(ЕБРД).

Во Словенечкиот државен холдинг сметаат дека е постигната оптимална цена за банката која државата во последните години ја докапитализираше со 870 милиони евра, со оглед на состојбата во Европа каде што има голема понуда на банки за продажба, а интересот е ограничен.

Продажбата на втората најголема словенечка банка во државна сопственост по Нова љубљанска банка, е изведена во согласност со ветувањата што Словенија ги даде на Европската комисија(ЕК) пред две години, кога се обврза на смалување на државниот портфељ во економијата, во момент кога банкарскиот сектор предизвикуваше големи загуби и лоши кредити заради што мораше да биде докапитализиран и саниран.

НКБМ лани по повеќегодишните загуби и пласмани на лоши кредити, ја забележа првата позитивна економска година, со 35,9 милиони евра чиста добивка, со биланс од околу 3,6 милијарди евра.

Словенечките медиуми наведуваат дека со купопродажниот договор меѓу Словенија и Apollo е решено и прашањето на регулирањето на потенцијални загуби од рискантните бизниси во изминатите години. /крај/хн/ст