Аманда Никол Мартин денес е Плејбој модел и сензација на Инстаграм каде ја следат повеќе од милион луѓе, кои ги „бомбардира“ со голи фотографии секој ден, а порано изгледаше сосема поинаку!

Оваа 25-годишна девојка може да се пофали со бујни облини, раскошно деколте и убаво лице, но не толку одамна таа изгледаше сосема поинаку.

Поточно, таа неодамна сподели фотографија од нејзините тинејџерски денови работејќи во Мек Доналдс, облечена во униформа, на која се уште нема никакви естетски корекции.

Оваа слика ми ја направи мајка ми на првиот ден на работа кога имав 18 години. Јас работев тоа лето пред колеџ. Сега ми е е смешно кога го гледам моето закочено лице, се сеќава Аманда и додаде дека ја мразела работата, но и дека е среќна со парите што ги направила и дека таму го запознала идниот партнер.

„Шефот беше просечен, соработниците беа преполни со драма, но јас сум среќна затоа што таму го запознав мојот прв сопруг“, додаде таа.

Изгледот на оваа дама од Лас Вегас драматично се промени во последните седум години, а благодарение на него, таа изгради кариера како влијателен и модел, и заработи богатство.

Јас заработувам околу 700 000 долари годишно само затоа што тверкам со задникот. Горда сум на сето она што го поминав, што ме направи жената која што сум денес. Сакам да погледнам наназад и да сфатам колку брзо се менуваат работите и ми дава надеж дека иднината ќе биде подобра и ќе ги инспирирам другите да се чувствуваат слично “, вели таа.