Бесплатни лиценци за ИТ стартапи ќе овозможи програмата „БизСпарк”, што ќе ја промовираат денеска Сеавус Инкубатор и Мајкрософт Македонија.

– „БизСпарк” програмата има цел технолошки да им помогне на стартапите за да може да ги остварат своите цели во најкраток период, и да ги поврзе со Сеавус Инкубатор и Стартап Македонија кои ќе им помогнат во растот, а со тоа ќе се стимулира и иновативен локален еко-систем, соопшти Сеавус Инкубатор.

Програмата која е започната на глобално ниво пред неколку години, од оваа година е достапна и за македонските стартапи, кои можат да добијат бесплатни лиценци од Мајкрософт.