Мујо, Хасо и некој Русин се напиле и тетеравејќи се по улица ги запрела полиција и ги однела во станица. За да проверат кој колку се напил полицајците ставиле две столчиња и прво го викнале Хасо: Хасо колку столчиња гледаш? Хасо: 4 – Добро, можеш да поминеш. Го викнале Русинот: Колку столчиња гледаш ти? Русинот: 8 – Ајде, добро, и ти можеш да поминеш. На крајот го викнале Мујо: Мујо колку столчиња гледаш? Мујо: На кој ред мислиш?