Скопјанец останал без накитот и лаптоп компјутер откако неговиот дом го посетил вешт и искусен крадец, соопшти скопската полиција. Кражбата се случила завчера во станот на улицата “Вич” во скопската населба Карпош 4 во периодот меѓу 9 и 14 часот време кога сопственикот З.Ј. (49) бил на работа.
Крадецот насилно ја обил влезната врата и потоа набрзина почнал да пребарува по собите во станот. Во една од нив го нашол тоа што го барал, златен и сребрен накит на сопственикот. Задоволен од пленот си заминал и потоа го собрал и неговиот лаптоп -компјутер. Кражбата ја открил скопјанецот кој го затекнал нередот што го оставил зад себе провалникот. Соседите ниту го чуле кредцот ниту пак го виделе кога ја напуштал зградата.
Од скопската полиција информираат дека засега немаат осомничени лица за оваа кражба.