Маскирани лица вчера влегле во домот на членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Вело Марковски се со цел да извршат кражба, објави Курир.

Според информациите на Курир во семејниот дом на Марковски вчера се обиделе да влезат неколку лица за да извршат кражба.

Во тие моменти дома биле неговата сопруга и малолетно дете, а за среќа не е причинета никаква материјална штета.

Случајот е пријавен и во полиција.