x

Проблем за Пеп: Агуеро паузира неколку седмици, можеби и повеќе

pep-aguero

Напаѓачот на Манчестер Сити, Кун Агуеро заработи повреда за време на натпреварот на Сити против Вест Хем, и според зборовите на менаџерот Гвардиола, може да паузира неколку недели.

„Агуеро има повреда, ќе паузира неколку седмици, а можеби и повеќе“, потенцираше Гвардиола.

Аргентинецот имаше повреда на коленото, и штотуку се врати, одново ќе мора да паузира. Оваа сезона навистина овој играч нема среќа, но Пеп рече дека е подготвен да го чека, и нормално повторно да му даде шанса да биде прв „шпиц“ во екипата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата