x

Проблем за Милевски, без Руфати во Израел

rufati

Агрон Руфати, стоперот на нашиот млад национален тим нема да биде во комбинација за дуелот со Израел во рамките од квалификациите. И тоа е голема главоболка за селекторот Милевски.

Руфати, кој е стандарден во одбраната на стоперската позиција, на денешниот тренинг заработи повреда на предната ложа, со што отпаѓа за следниот меч. Играчот на украинска Зорја ќе мора да биде надвор од стројот, а дополнителните прегледи ќе покажат колку ќе мора да паузира.

Руфати беше еден од столбовите на одбраната на селекцијата до 21 година, но сега Милевски ќе мора да бара друго решение на тоа место.

Дуелот со Израел се игра в четврток во 18:30 часот, и тоа ќе биде директна битка за второто место на табелата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата