Доналд Трамп Џуниор, син на американскиот претседател Доналд Трамп, денес на Твитер напиша дека е време Соединетите држави да ги повлечат своите 650 војници од Косово.

Трамп Џуниор се обрати на Твитер за да го поддржи ставот на американскиот сенатор Дејвид Пердју, наведувајќи дека Соединетите држави треба да го преиспитаат своето присуство на Косово ако Приштина „не е целосно посветена на мирот“.

– Се согласувам. Има  650 американски војници на Косово. Време е да ги донесеме дома “, напиша синот на американскиот претседател.

Патем, Пердју исто така напиша во својот пост дека Косово „мора да го стори својот дел и да ги укине царините што ги воведоа кон Србија, особено сега кога се гледа историскиот напредок“.

– Повеќе од две децении американските сили помагаат во одржувањето на мирот меѓу Косово и Србија. Сега, кога се гледа историскиот напредок, Косово мора да го стори својот дел и да стави крај на сите царински давачки наметнати кон Србија. Ако Косово не е целосно посветено на мирот, тогаш САД треба да го преиспитаат своето присуство таму – напиша сенаторот од државата Џорџија.