x

Проблем за Баерн пред финалето во ЛШ

boateng1111111

Баерн Минхен го совлада Лион со 3:0 и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, во кое за противник го има ПСЖ. Баварскиот тим влегува како фаворит, по фантастичните партии против Барселона и Лион.

Сепак на патот до тронот се соочуваат со проблем. Под знак прашалник е ставен настапот на Жером Боатенг. Германскиот фудбалер на полувремето против Лион беше изваден од игра поради проблем со мускулите, засега нема детални информации.

Лекарскиот тим ја следи неговата состојба, сите се надеваат дека ќе биде фит до недела.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата