x

Проблем за Баерн пред продолжението на ЛШ: Се повреди Павар

pavard

Десниот бек на Баерн Минхен, Бенџамин Павар ќе мора да паузира најмалку три недели поради повреда на глуждот, јавија од баварскиот тим.

Французинот доживеа повреда на глуждот на последниот тренинг, а денес пристигнуваат информации дека ќе треба да одмори околу 20 дена. Ова значи дека тој сигурно ќе го пропушти реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Челзи. Баерн славеше со 3:0 во Лондон, па сега ќе се обиде само да го потврди настапот во четврфиналето.

Поголем проблем за баварците ќе биде неговото отсуство за 1/4 финалето, во кое Баерн ќе игра против Барселона или Наполи. Павар беше незаменлив на десната бековска позиција оваа сезона.

Баерн го пречекува Челзи на 8 август, а потоа четврфиналето од ЛШ се сели во Лисабон.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата