x

ПРОБЛЕМИ ЗА ЧЕШКА: На ЕП без еден од пикерите

Ракометната репрезентација на Чешка која е еден од противниците на Македонија на претстојното ЕП е соочена со сериозен проблем пред европскиот собир во Виена.

Пикерот на бундеслигашот Бергишер, Леош Петровски (26), го откажа учеството на ЕП поради повреда. Петровски има проблем со карличната коска, повреда слична на таа што ја скрати кариерата на неговиот далеку пославен сонародник Филип Јиха.

Петровски не само што откажа играње за Чешка, туку одбил нов договор и со Бергишер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата