x

Проблеми во Ф1: Tројца заразени од два тима во Мелбурн

Иако на глобално ниво речиси сите спортски настани претрпеа измени, што се однесува во термините, гледачи и слично Формула 1 сеуште не одлучила да измени нешто во својот календар односно функционирање. Иако нејзиниот нов шампионат, стартува следниов викенд во Австралија челниците на ова натпреварување сеуште не промениле ништо.

Дотолку повеќе што веќе се појавија три случаи на заразени од Корона вирус, два во Американскиот тим ХААС и еден во Британскиот Мекларен.

Засега, мерките се забрана за селфи фотографии на возачите со фановите, а пред почетокот на трката во Австралија помеѓи нив ќе биде поставена тампон зона од два метри.

Од друга страна екипажите на сите тимови кои се стационирани во Италија, како на пример Ферари, Ред Бул и Алфа Тури беа тестирани при влезот во Австралија, но не се појави позитивен примерок на пациент.

Конечно, единствено што е донесено како поригорозна мерка е откажувањњето на трката во Кина, а трката во Бахреин ќе се вози без гледачи.

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата