x

Проблеми во Сампдорија: Раниери го отстранил Кандрева од првиот тим

candreva-samp

Еден од најискусните фудбалер на Сампдорија, Антонио Кандрева не е повикан за важниот натпревар на гости во Верона. Ова е одлуката донесена денес од страна на тренерот Клаудио Раниери, во целосен договор со претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро и управата.

Според „Газета дело Спорт“, играчот во последно време не се однесувал во согласност со препораките од клубот. Раниери на управата и рекол дека однесувањето на Кандрева не е однесување на играч кој е на ментално ниво какво што и треба на Сампдорија за нормален натпревар.

По оваа одлука останува да се види каква ќе биде реакцијата на екс-фудбалерот на Интер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата