Музичката ѕвезда Александра Пријовиќ за новогодишната ноќ настапила во еден хотел во Белград и направила атмосвера за паметење, каде што гостите одлично се забавувале со нејзините хитови кои цела ноќ ги изведувала.

Точно на полноќ Пријовиќ го бакнала сопругот Филип Живојиновиќ кој рипнал на бината како би си ја честитале новата година.

Александра за оваа прилика одбрала елегантна комбинација која го нагласила нејзиното деколте.