x

Пријателска: У-21 Македонија со 4:0 го победи „комбинираниот“ Работнички

Фото: Ohridnews

Селекцијата на Македонија до 21.година, односно играчите кои беа повикани од селекторот Милевски за зимскиот камп, денеска во Охрид со 4:0 го победија Работнички во пријателски натпревар.  Тимот од Градски парк, барем според имињата, се гледа дека настапил со младинскиот состав

Стрелци на головите за победничкиот тим беа Емини во првото полувреме, а во второто стрелаа уште и Скендери, Илиевски и Манев.

Со овој натпревар заврши и зимскиот камп во Охрид.

У-21 МАКЕДОНИЈА: Денковски, Велковски, Младеновски, Јахја, Воша, Тошевски, Мухарем, Бериша, Димоски, Емини.

Играа уште: Манев, Трајковски, Османовски, Скендери, Наумчески, Ивановски, Илиевски.

РАБОТНИЧКИ: Николовски, Пановски, Спасовски, Андовски, Кордоба, Ацковски, Јевтоски, Лазаров, Редев, Андрески, Фазлиу.

Играа уште: Герасимовски, Мелов, Масевски, Јовановски, Чурлинов, Ајдини, Додевски, Станковски, Коствски, Дишлиевски, Имери.

 

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата