x

Пријателска во Охрид: Ренова поведе, Лена ја спаси Струга ТЛ од пораз

Попладнево во Охрид, Ренова и Струга Трим Лум одиграа 1:1. “Гипасрите“ поведоа со голот на Гавазај во 17.минута, за да во самиот финиш, во 88.минута Нијас Лена успеа да ја спаси Струга Трим Лум од пораз. Инаку ова беше интересен натпревар, со шанси на двете страни, но мечот заврши без победник. Да кажеме дека ова за Ренова беше втор меч ова лето првиот го доби со Вардар Форино убедливо, додека за стружани беше прв, а свое деби на овој натпревар, како тренер имаше Срѓан Захариевски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата