x

Пријателска во Кратово: Силекс си победува, сега и со Борец со 2:0!

sileks

 

Очигледно е дека Силекс е во добра форма во пресрет на настапот на кратовци во квалификациите во Лигата на Шампионите. Како и на минатите пријателски средби, така и на денешната, кратовци одиграа добро, победија со Борец со 2:0 во интересен натпревар одигран попладнево во Кратово. Нешовски беше стрелец на првиот гол во 7.минута, додека Мустафов ги постави конечните 2:0 при крајот на мечот.. Силекс имаше статива и пречка, додека Борец две идеални шанси преку Десниќ и Пеев.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата