x

Пријателска во Гостивар: Шкупи се мачеше со Форино, на крај победи со 2:1

skupi-forino

Во една од последните пријателски средби во пресрет на стартот на сезоната, Шкупи попладнево во Гостивар одигра со второлигашот Вардари Форино. Резултатот на крај беше 2:1 за прволигашот, кој како и на минатите мечеви настапи со комбиниран тим.

Чаирчани поведоа во 43.минута со голот на Фатјон Јусуфи, додека Вардар израмни во 73.минута. Победата на составот на стратегот Муарем Бајрами му ја донесе Сухејб Мухарем во 84.минута, гол што не дозволи никакво изненадување. Иако до победата Шкупи не стигна баш така лесно, сепак победа си е победа.

Да кажеме дека следниот викенд, на 9, август, Шкупи во рамките на првото коло во новата сезона во ПМФЛ на свој терен ја дочекува Шкендија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата