СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(40) и И.Т.(52) од Скопје, вработени во Бирото за метрологија-Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „злопупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавените, неовластено издале одобрение за товарно возило „ман“ сопственост на правен субјект од струшкото село Лабуништа, иако знаеле дека, според правилникот за единечно одобрување на возило од законот за возила, товарното возило не ги исполнувало условите за такво одобрение. Со тоа, пријавените му овозможиле на сопственикот да изврши регистрирање на возило кое според законот за возила не можело да се регистрира, соопшти полицијата.

извор: Makfax