На Конгресот се укажува на големото значење на мобилната индустрија за светската економија во која придонесува со над 13 милијарди вработени, а за глобалниот БДП со над три илјади милијарди американски долари.

Приходите на оваа индустрија на глобално ниво во 2015 година достигна над 1.000 милијарди долари, што е раст од два отсто во споредба со претходната година, а овој раст со слична динамика се очекува да продолжи до 2020 година.

Најголем раст се очекува од мобилниот сообраќај на податоци, кој ќе го користат околу 70 отсто од светската популација или 5,5 милијарди корисници.