x

Прифатена жалбата на наполитанците: Дуелот Јуве – Наполи ќе мора да се одигра!

napoli-radost

Судот во Италија ја прифати жалбата на Наполи, па по се изгледа мечотс о Јувентус ќе мора да се одигра. Првично, големото италијанско дерби беше закажано за 4 октомври, но фудбалерите на Наполи не пристигнаа во Торино поради ситуацијата со коронавирусот во нивниот тим. Здраствените власти во Неапол не им дозволија да го напуштат градот и да патуваат во Торино, по што Јувентус го доби мечот на „зелена маса“ со службени 3:0, а Наполи дури беше и санкциониран со одземање на еден бод.

Бидејќи жалбата конечно беше прифатена, Јувентус и Наполи ќе мора да го одиграат овој натпревар, така што „Старата дама“ ќе мора да ги освои претходно доделените бодови на зелениот теерен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата