СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против 27-годишен штипјанец поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“.

Пријавениот во два наврати, на 16.06. и 23.06.2020 година со намера за себе да прибави противправна имотна корист со употреба на сила и подесен предмет ја отворил влезната врата од куќа на ул.„Личка“ во Штип сопственост на 81-годишната Р.Ј. од Штип, влегол внатре и во двата наврати физички ја нападнал и и одзел златен накит и пари.

Од страна на судија на претходна постапка на Ѓ.М. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

извор: Makfax