Триесет и седумгодишен скопјанец со иницијали А.Ф.(37), за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, е приведен поради сомнение за повеќе тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на Гази Баба.

„Од страна на Одделението за криминалитсички работи Гази Баба расчистени се 9 кривични дела тешки кражби, во викенд куќи, со материјални докази. Со кривична пријава по брза постапка пријавениот А.Ф. е спроведен на распит пред дежурен Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје“, информираат од МВР.

По распитот, А.Ф. е спроведен кај судија на претходна постапка во Кривичниот суд Скопје и по изведените докази нему му е одредена мерка притвор.

извор: Makfax