Истражниот судија на Окружниот суд во Смедерево по вчерашното сослушување, им определи притвор од 30 дена на сите професори од Правниот факултет во Крагуевац кои беа осомничени за примање мито. Од МВР на Србија се дознава дека акцијата ќе продолжи и на другите факултети на универзитетите во Србија и Република Српска.