Кокаин бил пронајден неделава, при преглед кај Д.Д.(28) од Куманово.

Од МВР велат дека тој бил приведен во полициска станица, извршен бил разговор по што била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.

извор: Makfax