Во земјава пристигнаа 30.000 дози вакцини против грип. Дел од нив веќе се распоредени низ заводите, додека останатиот дел ќе бидат дистрибуирани во текот на викендов. Вакцинацијата ќе почне од понеделник иако некаде тоа ќе се спроведува и порано. Вакцините ги обезбедија веледрогериите “Елбиор” и “Македонија Лек”. Според првичните информации вакцината ќе чини околу 400 денари. Ова е втора доза вакцини и е набавена дополнително откако првите количества се потрошија пред повеќе од еден месец. (Р.Н.)