ПРИРОДНИ АДУТИ НА МЕТРО СНЕГ
И оваа зима, е букирана за изборите за женска убавина, кои редовно се организираат, нормално, каде ако не, во Маврово. Така традиционалниот избор за Зимска убавица и оваа зима не го забиколи Маврово каде во организација на модното студио Црнокрак и ски-центарот “Заре Лазаревски” по петти пат се одржа овој избор. Во преполната дискотека Ратрак и под водителската палка на Мартин Трпчевски и талентираната водителка од МС Наташа видовме дванаесеттина убави девојчиња од сите краишта на Македонија, кои со сите природни адути прошетаа по пистата. Најспектакуларно беше претставувањето на девојките во костими за капење, што предизвика најдолги и најжешки аплаузи кај многубројната публика, поголем дел дојдена од Скопје. На крајот, кога се собраа гласовите излезе дека на интернационалниот избор во Мексико, кој ќе се одржи во април, а на кој ќе учествуваат девојки од 70 држави ќе отпатува Татјана Нацева (17) од Кавадарци. За прва придружничка на Зимската убавица беше прогласена Марија Сулева од Штип. Титулата втора придружничка ја освои Милена Младеновска 18 од Скопје, а со лентите за мис шарм и фотогеничност се закитија Надица Чаушевска(16) од Струмица и Александра Тачева (16) од Скопје. Убавиците како награди добија викенди во Маврово, директно учество на изборот за Мис на Македонија и Метрополитен како и останати парични награди. (А.Н.) Фото:А.Ивановски