x

Приоритет на Лидс Ј. е новиот договор со Алиоски!

alioski

Веќе наголемо се говори, да не кажеме шпекулира, дека Лидс посакува да го продолжи договорот со македонскиот репрезентативец Езџијан Алиоски. Познато е дека на Џани договорот му истекува во јуни, но ако членот на Премиерлигата не успее да го “врзе“ во јануари нашиот репрезентативец, тој ќе може слободно да си преговара со други клубови како по истекот на оваа сезона и си потпише без никаква отшетата за Лидс.

Токму затоа медиумите во Англија, поточно оние во Лидс, бараат од челните луѓе на клубот прв приориотет да им биде новиот договор со Македонецот. Алиоски игра добро во овој тим, добро се снајде, и во целост ја оправда довербата. Околу ова од Лидс се уште јавно не се произнесуваат, излегоа само информации дека ќе има преговори. Кога сме кај ова да кажеме дека минатата недела се шпекулираше со тоа дека со новиот договор Џани би земал нешто повеќе од 150.000 фунти на месечно ниво.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата