Принцот Чарлс од Велс е избран за нов шеф на Комонвелтот на нациите, јавува БиБиСи. Кралицата соопштила дека тоа била нејзината искрена желба, принцот Чарлс да ја наследи по нејзината смрт.

Лидерите на државите членки на Комонвелтот разговарале за ова прашање на состанокот зад затворени врати во замокот Виндзор, при што ја донеле одлуката за назначувањето.

Предлогот, раководството на организацијата да биде по ротациски принцип, меѓу 53-те држави членки беше отфрлен, а кралицата, британската влада и други лидери изразија поддршка за принцот Чарлс.

Комонвелтот на нациите е меѓународна организација во која членуваат Велика Британија и најголемиот број поранешни британски колонии.

Британската премиерка Тереза Меј и канадскиот премиер Џастин Трудо претходно ја дадоа својата поддршка на принцот Чарлс.

извор: Makfax