Британскиот престолонаследник принцот Чарлс со сопругата Камила, завчера го посети баталјонот на велшките гардисти во базата на ЕУФОР во Рамиќи близу Бања Лика – Република Српска. На хелодромот во Рамиќи принцот беше пречекан од комплетното Претседателство на БИХ, премиерот на Федерацијата и дипломатскиот кор. Повод за посетата на принцот Чарлс, кој и самиот бил гардист, е празникот на единицата Свети Давид.
Како што му доликува, на прославата тој дојде во гардиска униформа, а со сопругата на гардистите им поделија лисја од праз, со кои традиционално припадниците на оваа единица на тој ден ги китат беретките.