Откако се ожени со поранешната американска актерка Меган Маркл, принцот Хари, наводно, се оддалечил од својот постар брат Вилијам и неговата сопруга Кејт, на кои Кенсингтонската палата им е дом.

„Вистинската причина за преселувањето е недостигот на простор. На Хари и Меган сега им се потребни повеќе соби за безбедност, за дадилките, послугата и за нејзината мајка Дорија, која ќе им помага околу бебето”, откри непознат извор, но очигледно тоа не е единствената причина.

Тука е и сопругата на Вилијам, Кејт, со која Меган, наводно, се согласува само кога е потребно. Имено, тие се многу различни и не се согласуваат толку добро, што дополнително го влошува заедничкиот живот.

„Хари смета дека селидбата е најдобрата опција за неговото семејство и нивниот однос. Селејќи се од Кенсингтонската палата ќе имаат повеќе мир и приватност, и од другите членови и од јавноста, бидејќи целата палата е под опсада на туристите и папараците.”

Очигледно, Хари веќе не сака да живее како златна рипка во аквариум, а Меган со своето доаѓање на дворот само ја забрза таквата одлука.

Хари и Меган ќе живеат на имотот Виндзор, но тие ќе продолжат да работат од Кенсингтонската палата на истиот имот на кој живеат војводата и војвотката од Кембриџ, Вилијам и Кејт, со децата.

извор: Makfax