Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл, роди здраво машко бебе, тешко 3 килограми и 260 грама.

Веста ја соопшти принцот Хари кој рече дека уште размислуваат за имиња.

Војвотката Меган Маркл добила контракции во текот на денот, потврди Бакингемската палата, јави Би-би-си.

Ова е прво дете на Меган и британскиот принц Хари.

извор: Makfax