x

Принцот почна да се „расфрла“: Покетино доби неверојатна понуда

Веќе една недела се шпекулира дека Маурицио Покетино е главен кандидат за тренерското место во Њуксл, кој под водство на новиот газда, принцот Мохамед Бин Салман се очкеува да направи бум во Премиер-лигата.

А дека 34-годишниот Салман е сериозно заинтересиран за Аргентинецот, говори и сумата на пари која е подготвен да му ја понуди. Доколку Покетино и принцот си подадат рака, на неговата сметка годишно ќе легнат 19 милиони фунти.

Оваа сума е двојно поголема од платата во Тотенхем со кого има актуелен договор и покрај тоа што веќе не е на клупата на „Спарси“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата