Заев е принцот на политиканството во Македонија. Заев со одбивањето на иницијативата за предвремено ратификување на протоколот на НАТО признава дека се плаши од пораз на избори. Уште еднаш излегува на површина стравот од соочување со народот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека  предвремено ратификување на протоколот е пракса која е применлива покажува примерот со Црна Гора, која предвреме го ратификуваше истиот протокол, различно е што Македонија го има Заев кој се плаши од избори.

Кога сме кај политиканството,  треба да се знае дека Заев е пример за тоа. Впрочем нека се потсети за автентичното толкување на законот за амнестија каде недела дена го повикуваа ВМРО-ДПМНЕ  да го прифати а на крај нивните пратеници не го прифатија тоа толкување. Добро е Заев да се произјасни за тоа дали прифаќа забрана за амнестија за политичари и амнестирани политичари да не се занимаваат со политика.“ потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ