x

Принцезата на Пандев доби совршен роденденски подарок (ФОТО)

screenshot_3-2

Горан Пандев како вистински капитен ја одведе македонската фудбалска репрезентација на ЕУРО 2021 година. Нашиот најдобар фудбалер беше стрелецот на единствениот погодок во финалето против Грузија. Пандев заедно со неговите соиграчи го оствари сонот на цела нација – Македонија ќе ја гледаме на големо натпреварување.

По завршување на мечот во Тбилиси, капитенот откри дека сопругата и трите дечиња му порачале да не се враќа во Италија без пласман на ЕП. Пандев ја исполни нивната желба, а неговиот погодок доаѓа во вистинско време. Поголемата ќерка Ана го прославува 9. роденден, па голот на нејзиниот татко-херој е повеќе од совршен подарок.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата