Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија од МВР во денешниот полициски билтен.

По апсењето, таа е спроведена во државен карантин, а за настанот е известен и Јавен обвинител.

По комплетирање на случајот, против поранешната манекенка ќе биде изготвен поднесок за сторено кривично дело казниво по членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.

извор: Makfax