Примале крв – добиле ХИВ
Лабораториски непроверена крв инфицирала со вирус на ХИВ двајца пациенти кои во декември 2005 година добиле крв од едно лице носител на овој смртоносен вирус, јави албанската агенција Балкан веб. Скандалот, кој се повторува во албанските болници, јавно го потврди и Министертвото за здравство и наведуваат дека “доброволниот крводарител” бил од Валона. Ова е втор случај, по оној од 2004 година, кога четворица пациенти со хемофилија по добиена редовна трансфузија беа заразени со ХИВ.