x

Прилеп остана во игра за плеј-офот

fb_img_1607021115734

Екипата на Прилеп со третата победа оваа сезона во Супер лигата остана во трка за место во плеј-офот.

Избраниците на Горан Кузманоски го совладаа Работнички со 27-24 во заостанат меч во групата Б. И покрај добриот вовед на гостите, поведоа со 1-4, прилепчани беа цврсти во својата намера да дојдат до двата бода, на одморот заминаа со позитива од 14-10.

Во вториот дел продолжија возбудувањата, гостите дојдоа на 19-20, израмнија на 22-22, па имаа негатива од 24-23, но тука застанаа.

Чантурија со осум и Шокоски со шест погодоци беа најефикасни кај прилепчани, на другата страна Атанасовски и Ончев имаа по шест гола.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата